„СТОП ЗА ВАРДАРИШТЕ“ – Граѓаните утринава го блокираа мостот „Близнаци” поради загадувањето и пожарите
Граѓанската иницијатива „Стоп за Вардариште“ утринава го блокираше сообраќајот на мостот „Близнаци” меѓу општините Аеродром и Гази Баба.
Граѓаните на Аеродром веќе една недела протестираат поради загадувањето кое доаѓа од запалените депонии „Врадариште“ и „Дрисла“. Чадот и смрдеата која се шири низ Скопје, беше алармот за луѓето да излезат на протест.
Протестите беа секое попладне, а денеска е прв ден кога протестот се случува наутро.
Како што претходно најавија организаторите на протестот, овој чекор го преземаат поради немањето слух на надлежните органи за нивните барања и се поголемото труење кое доаѓа од пожарите на депониите Вардариште и Дрисла, но и пради пожарите на други локации, како оној во Трубарево.
ИЗВОР: Независен
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тешка сообраќајна несреќа во Аеродром, тројца луѓе…
Во тешка сообраќајна несреќа во скопската населба…
(Видео) Жена влезе гола во фонтана во…
Необична сцена ги изненади минувачите во скопската…
Птица заглавена во моторот спречи авион да…
Повеќе од 150 патници синоќа останаа заглавени…
(Видео) Вандализам во Аеродром: Млади луѓе кршат…
Градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески објави…
Опожарени две возила во скопски Аеродром
Во раните утрински часови во Скопје избувнал…