Стојаноски бара Брисел да седне на маса со Македонија и Бугарија: „На нашиот грб се кршат сите копја“
Македонија и Бугарија најпрво треба директно да ги соочат своите аргументи, а потоа дијалогот да прерасне во трипартитен разговор со учество и на претставник од Брисел, смета пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски.
Во пресрет на претстојната средба во Софија, Стојаноски во емисијата „Колегиум“ на телевизија Алфа порача дека македонската страна треба јасно да ги претстави своите позиции и црвени линии.
„Она коешто е важно е прво да се седне на маса и ние да ги кажеме среде Софија нашите аргументи, зошто сметаме дека ако сакаме сите да бидат дел од ЕУ, таму треба да се почитуваме со тоа што сме, а не да креираме политики внатре во ЕУ, од Брисел, коишто прилегаат на 19 век“, рече Стојаноски.
Според него, разговорите не треба да останат само меѓу Македонија и Бугарија, туку во нив треба да биде вклучена и Европската Унија.
„Потребно е ние таму да кажеме кои се нашите црвени линии, затоа што и ги имаме сега, а понатаму многу рационално, дипломатски, тој дијалог да го направиме еден трипартитен разговор, каде што ќе присуствува и некој од Брисел, бидејќи цело време јас лично имам чувство како на нашиот грб да се кршат сите копја“, изјави Стојаноски.
Тој се осврна и на неодамнешната посета на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, нагласувајќи дека покрај идентитетските прашања биле истакнати и реформите и Планот за раст.
„Фон дер Лајен не ги споменуваше само идентитетските прашања. Таа кажа и една работа која вреди да се напомене – дека е супер задоволна од начинот на којшто ние ги имплементираме реформите, особено за Планот за раст“, рече Стојаноски.
Според него, пристапот на власта е отворените прашања со Бугарија да се решаваат преку дијалог, додека паралелно треба да продолжи спроведувањето на реформите.
„Нашата одлука беше ова прашање да го оставиме и да го решаваме со дијалог, додека сето она што ни е домашна задача, спроведувањето реформи, да покажеме дека оваа држава може да биде најдобра во регионот. Сакаме да направиме реформи, сакаме да направиме мерки, сакаме да оставиме дела зад нас“, порача Стојаноски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Стојаноски бара Брисел да седне на маса…
Македонија и Бугарија најпрво треба директно да…
(Видео) Ескалираа протестите пред косовскиот парламент: Солзавец,…
Тензична е ситуацијата пред косовското Собрание во…
Заканата за бомба на летот за Белград…
Патниците на летот на „Ер Србија“ од…
Во 10 кавадаречки училишта поставени „течни дрва“…
Во десет училишта во Кавадарци се произведени…
Пелистер добива нов мониторинг објект над Маловишта
Вработени во ЈУ Национален парк „Пелистер“, заедно…