(Видео) Стојаноски се скара со Левица: Апасиев може да го земе лидерското место во опозицијата, но после изборите кога ВМРО-ДПМНЕ ќе биде власт
Пратеникот од СДСМ, Мартин Костовски денеска во летното издание на „Click21“ посочи дека лидерот на Левица, Димитар Апасиев во наредниот период ќе го преземе приматот како лидер на опозицијата во вистинската смисла на зборот.
Костовски вели дека за разлика од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, барем Апасиев има конкретни ставови и не се срами да ги соопшти и презентира.
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски пак вели дека Апасиев може да го земе лидерското место во опозицијата, но по изборите кога ВМРО-ДПМНЕ ќе биде власт.
„Јас се согласувам со Костовски, може да го земе лидерското место во опозицијата, но после изборите кога ВМРО-ДПМНЕ ќе биде власт со близу обезбедено самостојно мнозинство од 60-тина пратеници, а Левица ќе биде втора партија, додека пак СДСМ ќе биде трета партија“, вели Стојаноски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ПОЖАР ВО СЕДИШТЕТО НА ЦИА: Пожарникари интервенирале…
Пожар избувнал во седиштето на американската Централна…
САД предупредуваат дека украинските напади длабоко на…
Пентагон денеска ги замоли западните земји кои…
КИБЕРНАПАД ВРЗ НАЈГОЛЕМИОТ СНАБДУВАЧ СО ПРИРОДЕН ГАС…
Норвешкиот енергетски гигант „Еквинор“ (Equinor), најголемиот снабдувач…
ПОРАНЕШНИОТ БУГАРСКИ ЦАР СО ПОРАКА ПО СРЕДБАТА…
Поранешниот бугарски цар и експремиер Симеон Сакскобурготски…
НЕОЧЕКУВАН ПОВИК ВО ИЗРАЕЛСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Нетанјаху итно…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, според информации што…