Стојанче Ангелов: Ние потфрливме како влада, ќе се повикам на извештајот на Европската Комисија

t

Првиот човек на ЦУК и покрај тоа што е дел од владината коалиција не го криеше незадоволство, а особено се осврна на црната листа и извештајот од Европската Комисија.

-Ние потфрливме како влада, јас ќе се повикам на извештајот на Европската Комисија. Ставањето на вицепремиер на црната листа за мене е погубно, а градоначалникот од редовите во ДУИ исто така заврши на оваа листа, вели Ангелов.

На прашањето дали би му пречела влада меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ вели дека е добро за стабилизација, но така тешко се решаваат крупни прашања според него.

Стојанче Ангелов е категоричен дека соработката со СДСМ веќе е минато, а тој е разочаран дека партијата не ги исполнила барањата на неговата политичка партија „Достинство“.

-Во овој момент сметам дека соработката со СДСМ. Оваа влада потфрли во суштината на Достинство. Прогласија само четири воедни инвалиди. СДСМ треба да го притисне ДУИ и Талат Џафери, вели Ангелов.

Ангелов искажа незадоволство и за суштинските промени во ЦУК.

-Во делот на кризниот менаџмент влегов со срце, ја проучив материјата, цело време сум на терен, но за жал не ми беше дадена можноста да ги направам неопходните реформи. Професорот Марјан Груевски за кој јас лично се сомневам најблиску бил до оган ако правел скара, вели саркастично генералот Ангелов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЗЕЛЕНСКИ БАРА ПИСМЕНИ ГАРАНЦИИ ОД ЗАПАДОТ: Украина…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара од западните…

Мерц му порача на Трамп: Мировниот договор…

Германскиот канцелар Фридрих Мерц му порача на…

НОВИ ЕКСПЛОЗИИ ВО ИРАН: Силни детонации во…

Иранските медиуми јавуваат за нови експлозии во…

ЕУ и НАТО: Претстои уште многу работа…

Европската Унија и НАТО повторија дека претстои…

ИРАК СЕ ПОДГОТВУВА ЗА НОВА ВОЈНА МЕЃУ…

Ирак започнал подготовки за можен нов вооружен…