Стојанче ја заклучил Катја дома за да оди да вежба додека Ивана била хоспитализирана поради хематом од удар во стомакот
Мајката на Ивана, Љубица Стојановска, која е сведок во предметот против Стојанче Јовановски сведочеше дека тој ја турнал Ивана по скалите на Клиниката за дигестивна хирургија во јануари годинава. Ивана била хоспитализирана таму поради болки од удар и имала хематом внатре во абдоменот.
„Кога отидов на посета кај Ивана, дознав дека Стојанче ја бутнал по скали. Се појави главната сестра на цела хирургија. Таа не праша дали знаеме што се случило. Главната сестра не внесе во соба со Ивана, дојде полиција и им кажа дека Стојанче бил во посета кај Ивана, излегле пред лифтовите на платото на влезот на одделот, се расправале, сакал да ѝ ги земе телефоните да види со кого комуницирала во болница. Самата Катја кажа дека „тато ја бутна мама по скали“. Еден болничар ја кренал Ивана и веднаш се организирале да ѝ прават компјутерска томографија на глава. Катја ја згрижиле сестрите и таа им рекла „јадев вчера гевречиња, а тато ме заклучи во станот и излезе да вежба“, кажа Стојановска.
Претходно, таа сведочеше дека откако ги натепал, Стојанче ги оставил Ивана и Катја на автопат во 1 часот по полноќ, а по нив отишол Мартин Саздов, другар на Стојанче и сведок во случајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Работник Ром го пријавил шефот Албанец дека…
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација…
Во Хрватска е уапсен е градежен работник…
Хрватската полиција поднесе кривична пријава против 54-годишен…
360 степени: (Не)скриени актери во Македонија потпалуваат…
Повеќе интернет-портали и фејсбук-страници на македонски јазик…
Сиљановска: Убедени сме дека Македонија има многу…
Билатералните односи меѓу Македонија и Индија да…
Мицкоски за инвестициите во дата центри: Ние…
Се обидуваме да ја развиваме државата, да…