Стојан Ристов од Неготинско два месеца негувал ранета срна спасена од ловџии, по што ја пуштиле назад во природа

t

Жител на неготинско два месеца се грижел за срна, која била најдена повредена откако ја удрило возило на пат.

Срната ја нашле ловџии од ловното друштво „Вардар“ од Неготино, кои ја однеле кај Стојан Ристов од селото Тремник и му ја предале бидејќи тој има заградена шума.

„Од страна на ловно друштво „Вардар“ Неготино беше пријавена срна што била удрена на пат. Јас имам заградено два декара багрем. Срната беше со скршена плешка и посветив внимание, се грижев за неа, ја хранев околу два месеца. Плешката и заздрави со тек на времето и денес од страна на ловното друштво „Вардар“ Неготино беше земена и вратена во природа“, изјави за МИА Стојан Ристов од селото Тремник.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тешко повредена 17-годишна девојка во Тетово, откако…

17-годишна девојка од Косово е тешко повредена…

Бесплатен интернет на 72 локации во 64…

Вкупно 72 локации во 64 општини низ…

Кристи Мекормик е предложена за нова амбасадорка…

Претседателот на САД – Доналд Трамп ја…

ЕУ ќе воспостави присуство на својата воена…

Советот на Европската Унија одлучи да воспостави…

Син ја нападнал мајка си во тетовско

24-годишно момче е приведено во Тетово откако неговата…