Страдаат невините: ОН има јасни докази за воени злосторства и од Хамас и од Израел!
Комисијата на Обединетите нации, која го следи конфликтот меѓу Израел и палестинскиот Хамас, објави дека веќе има „јасни докази“ за воени злосторства извршени од двете страни за време на судирите во Појасот Газа и во Израел, вклучително и убиства на цивили.
„Сите оние кои го прекршиле меѓународното хуманитарно право или стрелале во цивили мора да одговараат“, се вели во соопштението на истражната комисија формирана во 2021 година од Советот за човекови права на ОН, пренесува Ал Џезира.
„Извештаите дека вооружените групи од Газа убиле стотици невооружени цивили се неприфатливи и не можат да се толерираат. Земањето цивилни заложници и користењето цивили како жив штит се воени злосторства“, се вели во соопштението на независната истражна комисија на ОН.
Комисијата, исто така, изрази сериозна загриженост „поради последниот израелски напад врз Газа и израелската најава за целосна опсада на Газа“, која вклучува прекин на снабдување со вода, храна, електрична енергија и гориво, што несомнено ќе ги чини животите на многу цивили и претставува колективно казнување (одмазда).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израелскиот претседател му го довери мандатот на…
Израелскиот претседател Исак Херцог денеска му го…
Се проверува авион од Израел на аеродромот…
Авион од Израел слетал во Софија и…
Израелски хирурзи повторно дојдоа во Македонија за…
Израелските хирурзи од Шеба повторно во Македонија…
Десет американски воени транспортни авиони пристигнаа во…
Десет транспортни авиони на американските воздухопловни сили…
Израелските избори без јасен победник: Нетанјаху и…
Излезните анкети од парламентарните избори во Израел…