Стразбур одлучи дека аболицијата на Иванов, која им ја даде на осомничените од СЈО, била незаконска

t

Судот за човекови права во Стразбур не ја признава аболицијата на поранешниот претседател Ѓорге Иванов, од 2016 година, а која се однесуваше на осомничените од СЈО, и одлучи дека државата со право ја поништила.

Од одлуката која Европскиот суд ја објави денеска, се заклучува дека државата имала право да ги поништи помилувањата, бидејќи тие биле донесени без законска основа во политичка криза.

„Европскиот суд за човекови права едногласно пресуди дека: немало повреда на член 6 став 1 (право на фер судење) од Европската конвенција за човекови права поради законодавната интервенција со која се дозволи поништување на претседателските помилувања и продолжување на кривичната постапка против подносителите на барањето“, пишува во одлуката на судот во Стразбур.

Се почна кога на 12 април 2016 година, тогашниот претседател на државата, Ѓорге Иванов, потпиша над 100 решенија, со кои од затвор се обиде да ги спаси сопартијците, функционери на ВМРО-ДПМНЕ, а кои се најдоа под кривичен прогон на СЈО.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Џенсен Хуанг имал интимна врска со уште…

Поранешниот извршен директор на „Енвидија“, Џенсен Хуанг,…

Сериозни проблеми: Прекин во Microsoft 365 во…

Прекин во услугите на Microsoft на 12…

Две години затвор за поранешниот директор на…

Основниот суд во Битола му изрече две…

Тошковски: Ива Михајлова не е регистрирана на…

Досегашната истрага за бегството на Ива Михајлова…

Кушнер и Виткоф во Москва по договорот…

Американските пратеници Џаред Кушнер и Стив Виткоф…