Стразбур ќе суди за дивата струшка депонија – македонските судови се прогласија за ненадлежни

t

За дивата струшка депонија која се наоѓа на само 500 метри од првите куќи, во близина на реката Црн Дрим и на 2 километри од Охридското Езеро, ќе се расправа пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Стразбур ја прифати апликацијата за еден од најголемите еколошки и здравствени проблеми во Струга. Во постапката се бара утврдување на повреда на правата на пристап до суд, повреда на приватен и семеен живот и повреда на правото на ефективен правен лек

„За разлика од домашните судови кои се прогласија за ненадлежни, Европскиот суд за човекови права во Стразбур нѐ извести дека ја допушти апликацијата поднесена во врска со дивата струшка депонија. Ова значи дека Стразбур ќе расправа за еден од најголемите еколошки и здравствени проблеми во Струга“, вели адвокатот Глигорие Ќатоски.

Од Здружението на млади правници велат дека македонските судови не само што не покажале доволен капацитет да одлучуваат по вака битни прашања за заштита на јавниот интерес на граѓаните, туку несоодвено и неаргументирано ја отфрлиле тужбата.

„Со оваа проблематика најпрво се соочивме во 2017 година кога имаше големи спалувања на депонијата, тогаш во својство на граѓански активист, а сега во својство на адвокат којшто има поднесено апликацијата до Европскиот суд за човекови права. Овој прболем е горлив проблем за стружани и претставува еден од најголемите предизвици на градот во делот на обезбедување здрава животна средина што е уставно право на секој граѓанин на оваа држава, но исто така и во делот на заштита на здравјето и животот на луѓето”, додава Ќатоски.

Повеќе прочитајте на Сакам да Кажам

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Родители на момче во Србија: Го силувалe…

Родителите на основното училиште „Татомир Анѓелиќ“ во…

Тинејџер сам се пријавил во полиција откако…

Шеснаесетгодишно момче е уапсено откако само се…

Ѓоргиев: Ја добивме најтешката група, ќе изгинеме…

Капитенот на македонската одбојкарска репрезентација, Никола Ѓоргиев…

Kривична за стружанец – го оштети државниот…

Управата за финансиска полиција до Основното јавно…

Петровски: Го сменија името, сега ја бараат…

*Објава на Фејсбук на Филип Петровски СЕГА…