Објавено на:

Странец се обидел да изнесе 100 илјади евра од Македонија, Царината му ги заплени парите

t

Царинската управа информираше дека царинските службеници од царинската испостава Аеродром спречиле обид за нелегално изнесување на девизи и заплениле 90.000 евра по извршена контрола на патникот Х.А. кој патувал на релација Скопје – Цирих.

„Патникот, инаку странски државјанин, на Меѓународниот аеродром Скопје се пријавил со само еден сив куфер, по што се упатил на излез од Република Македонија и не пријавил ништо за царинска контрола. При контрола на патникот од страна на царински службеник, во предните и задните џебови се пронајдени 100 илјади евра кои не биле пријавени, со што е сторен прекршок по член 56-в став 2 од Законот за девизно работење“, се вели во соопштението од Царинската управа.

Согласно Законот вратени му се 10 илјади евра, а останатите 90 илјади евра за кои не поседувал документ се привремено задржани. Против лицето е поднесена пријава за девизен прекршок до надлежниот суд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

“Уплати 10.000 денари, бара син ти во…

Жена од Гостивар била измамена од непознат…

Таткото на Меган Маркл е пуштен во…

Томас Маркл постариот синоќа се појави пред…

Поранешниот претседател на МАНУ Коцарев вели дека…

Претседателството на Македонската академија на науките и…

„Максим е патриот на батерии од Кина“…

Алијансата на Албанците реагира на најавите на…

Пукано во автомобил во движење на патот…

На 06.11.2026 околу 22:40 часот, Е.Ј.(28) од…