Странските директни инвестиции лани изнесувале 794 милиони долари

t

Во земјава лани влегле 794 милиони долари странски инвестиции што е повеќе за 138 милиони евра во однос на 2021 година, покажува годишниот извештај на Агенцијата на Обединетите нации за економска и трговска организација (UNCTAD).

Податоците на Агенцијата која ги анализира инвестициите и според тоа дали се инвестирани во чиста енергија покражуваат дека во земјава лани се странци инвестирале 178 милиони долари во обновливи извори.

Од земјите во регионот најдобро стои Србија која остварила 4,6 милијарди долари, Албанија со 1,4 милијарди, Црна Гора со 877 милиони и Босна и Херцеговина со 661 милион долари.

Извештајот на UNCTAD покажува дека глобалните странски директни инвестиции (СДИ) се намалени за 12% во 2022 година во однос на претходната година. Агенцијата анализира како инвестициската политика и трендовите на пазарот на капитал влијаат на инвестициите во одржлив развој, особено во чистата енергија.

Во извештајот се посочува и дека на земјите во развој им се потребни инвестиции во обновлива енергија од околу 1,7 трилиони долари секоја година, но привлекле само 544 милијарди долари СДИ за чиста енергија во 2022 година.

Иако инвестициите во обновливите извори на енергија се зголемија речиси тројно од 2015 година, најголемиот дел од парите завршиле во развиените земји, се констатира во извештајот.

Европската економија лани забележала намалување во однос на странските директни инвестиции што е случај и со Африка, но Северна америка бележи пораст. интересно е што странските директни инвестиции во Азија се на истото ниво од 2021 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пукање во близина на Белата куќа: Четири…

Четири лица се повредени во пукање што…

Џенсен Хуанг ја напушта Енвидија по 33…

Џенсен Хуанг поднел оставка од функцијата извршен…

Обновен рибниот фонд на Преспанското Езеро со…

Еден тон подмладок од крап денес е…

76-годишник удрил пешак па избегал, но набргу…

На 11.11.2026 околу 13:05 часот во СВР…

16-годишна малолетничка ги пријавила родителите за семејно…

Полицијата извршила службен разговор со 53-годишен маж…