Објавено на:

Странските студенти во САД масовно поднесуваат тужби против нивна депортација

t

Странските студенти во САД масовно поднесуваат тужби по судовите низ земјата за да спречат нивна депортација од имиграциските служби, откако администрацијата на претседателот Доналд Трамп неодамна почнала да им го укинува правото на престој во земјата, јавуваат дел од американските медиуми.

Судии во Масачусетс, Монтана, Пенсилванија, Висконсин и Вашингтон (округ Колумбија) неделава издале вонредни наредби со кои им се забранува на имиграциските власти да преземаат дејства против студентите, се дознава од извештаите.

Румејса Озтурк, турска студентка на постдипломски, неодамна среде бел ден беше задржана од службеници на имиграцијата облечени како цивили, а поради наводни критички ставови во однос на војната на Израел во Газа. Мохсен Махдави, лидер на студентските пропалестински протести во универзитет Колумбија во понеделникот беше уапсен во здание на имиграциската служба каде имал закажано да положи испит за добивање американско државјанство. Тие моментално се во притвор во Луизијана и чекаат можни одлуки за депортација што се оспоруваат на суд,

Над 600 странски студенти, професори и научни истражувачи во околу 90 американски универзитети останале без визи, јави „Си-Ен-Ен“, повикувајќи се на судски тужби и изјави од адвокати.

Во меѓувреме, Канадската асоцијација на универзитетски професори ги советуваше канадските научници да се воздржат од непотребни патувања во САД. Голема претпазливост се советува за научниците чии земји се во конфронтација со САД, и кои критички се изразувале за политиките на американската администрација и чии истражувања може да се сметаат за спротивни на ставовите на Белата куќа. За претпазливост се советуваат и оние чии патни документи содржат род различен од тој што им бил доделен при раѓање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ФБИ нуди награда за информации поврзани со…

Федералното истражно биро на САД (ФБИ) понуди…

Амбасадата на САД во Приштина му се…

В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…

Познато е кој ја уби демократската претставничка…

Осомничениот за атентатот и обидот за атентат…

Путин и Трамп разговарале за конфликтот меѓу…

Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон…

УЖАС во САД: Убиени пратеничка на демократите…

Минесота е во шок откако државната претставничка…