Странски војници доаѓаат во Македонија, ќе учествуваат во вежбата „Balkan Warrior 23″
Владата ја разгледа и усвои Информацијата за влегување и престој на странски вооружени сили на територијата на Република Македонија заради учество на вежбата „Balkan Warrior 23″ и донесе ваква одлука, на предлог на Министерството за одбрана.
Вежбата „Balkan Warrior 23″, според Информацијата од Министерството е дел од Планот за организација и учество на Армијата на вежби од меѓународен карактер за 2023 и 2024 година и дел од Планот за билатерална соработка за 2023 година помеѓу Министерството за одбрана на Република Македонија и Министерството за национална одбрана на Република Грција.
На вежбата е предвидено учество на 15 припадници од специјалните сили на Република Грција, со вооружување, опрема, моторни возила и материјално – технички средства. Локација за учество на вежбата ќе биде територијата на Република Македонија, односно на Армискиот полигон „Криволак”.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…
Платите во Армијата и одбраната се зголемуваат…
Сакам да информирам за една преубава вест,…
Доскорешниот началник на Генералштабот на АРМ, Васко…
Поранешниот началник на Генералштабот на Армијата на…
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…