Стратешки форум во Блед – во фокус безбедноста, проширувањето и геополитичките промени
Македонија го продолжува патот за рамноправна членка на Европската унија. Во овој контекст е и изјавата на словенечкиот премиер Јанез Јанша, од Бледски стратешки форум дека проширувањето на ЕУ со Западниот Балкан денеска е поитно од кога било порано. Европа цела и слободна не може да ги држи во чекална земјите од западниот Балкан, свое обраќање во Блед имаше и министерот Тимчо Муцунски.
Отпорноста на Европа се зацврстува со развиена инфраструктура, но инвестициите во транспортот нема да бидат доволно ефикасни, без политички инвестиции во процесот на проширување на Европската унија. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од стратешкиот форум во Блед порача дека Словенија и Хрватска треба да бидат примери и ментори на земјите од Западниот Балкан за тоа како се надминуваат минатите предизвици и се гради силен однос, додавајќи дека тоа е начинот на којшто регионот може да се движи напред.
„Како регион ќе продолжиме да инвестираме во коридорите и во поврзаноста, но се надеваме и на политичка инвестиција, за поврзување кон европската унија. Ако инвестираме само во коридори и во економска поврзаност, но го забораваме политичкиот аспект, којшто е подеднакво значаен, тогаш нема да ја постигнеме нашата примарна цел“, истакна Муцунски.
Европската унија не може да го чува Западниот Балкан во постојана чекална, изјави словенечкиот премиер Јанез Јанша. Додаде дека за да го зачува кредибилитетот, Брисел треба да си ги исполни ветувањата дадени кон земјите кандидатки во однос на проширувањето.
Западниот Балкан е органски поврзан со централна Европа и не може да зборуваме за безбедност во централна Европа, ако нема безбедност во нашето соседство, беше порачано на панелот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Стратешки форум во Блед – во фокус…
Македонија го продолжува патот за рамноправна членка…
РСБСП: Безбедноста на децата во сообраќајот е…
На први септември започнува новата учебна година.…
Воени авиони бркаа пијан Унгарец што украде…
Унгарската полиција уапси 24-годишен маж кој во…
Песков: Москва и понатаму очекува разговори со…
Москва и понатаму очекува разговори со украинскиот…
Русин ги извршил трите убиства во Црна…
Полицијата трага по рускиот државјанин Михаил Шабуњин…