Страшна бура ја зафати Европа: Загинати во Италија, над 800 евакуирани во Шпанија

t

Бурата „Киаран“ предизвика природни катастрофи низ Европа. Според Гардијан, забележани се пет смртни случаи во Италија, еден во Франција, а во Шпанија се евакуирани над 800 луѓе откако избија неколку пожари кои брзо се шират поради силните ветрови на бурата.

Дополнително, забележани се поплави во Словенија и Хрватска, вклучително и во Загреб, каде што се излеа реката Сава. Од Индекс известуваат за силни бранови на хрватското крајбрежје, како и случаи на превртени камиони и паднати дрвја.

Невремето предизвикува дополнителни инфраструктурни проблеми поради тоа што се затвораат пристаништа и се откажуваат возови и летови. Во Велика Британија, од каде започна бурата, се затвориле повеќе од 300 училишта, а во Франција над 1,2 милиони жители се без пристап до струја, известува Би-би-си.

Гувернерот на Тоскана, Еугенио Џани, ги истакна климатските промени како причинител за невремето и поплавите во Италија и најави кризна состојба во Тоскана. Гувернерот изјави дека толкави количества дожд не се регистрирани во последниве 100 години.

Климатските научници велат дека оваа бура е толку силна поради неколку различни фактори предизвикани од климатските промени.

Воздушните атмосферски струи оваа година се позасилени од вообичаено. Нивниот зголемен интензитет носи со себе понепредвидливи временски услови како и посилни ветрови. А причина поради која се поинтензивни струите лежи во зголемената разлика во температури меѓу ладниот Арктик и потоплиот суптропски појас – оваа разлика се зголемува како што се покачуваат температурите во суптропскиот појас.

Дополнително, има повисоко на влажност поради повисоките температури, што, пак, предизвикува посилни дождови, поради тоа што топол воздух држи повеќе влажност.

Истражувањата покажуваат дека ваквите невремиња со силни ветрови и многу дожд ќе стануваат сè почести.

Управата за хидрометеоролошки работи предупреди за засилежни дождови и ветрови во Македонија во текот на денешниот и утрешниот ден.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Европа вработува на големо во дата-центрите: Овие…

Побарувачката за работници во дата-центрите значително расте…

Белгискиот министер за одбрана: Европа ја чека…

Белгискиот министер за одбрана Тео Франкен предупреди…

Груевски бил пред времето: Европа воведува „Купувај…

Европа сака да произведува повеќе дома и…

ЦИА предупредува за руска закана со дронови…

Американските разузнавачки служби споделиле извештај со неколку…

Европските разузнавачки служби предупредуваат: Русија би можела…

Европски разузнавачки раководители предупредуваат дека Русија би…