Објавено на:

Страшна несреќа во Канада – се урна хеликоптер, загинаа четворица

t

Четворица загинаа откако хеликоптер се урна во мало место на околу 50 километри од Монтреал во Канада, соопшти провинциската полиција на Квебек за „Би-би-си“.

Итните служби биле повикани во Сент Брижид д’Ибервил во саботата, нешто по 14:30 часот по локално време. На местото затекнале летало во пламен, а сите во него биле прогласени за мртви.

Жртвите сè уште не се идентификувани, а според наредничката Одри-Ан Билодо, најверојатно станува збор за приватен хеликоптер.

Истрагата ја води Одделот за тешки кривични дела при полицијата на Квебек, во соработка со крим-техничари и истражители од Канадскиот одбор за безбедност во транспортот.

Местото на несреќата се наоѓа во близина на патот Ранг де Зекосе, недалеку од автопатот 10. Полицијата претходно примила итен повик за хеликоптер во неволја, за кој постоело сомнение дека се урнал и се запалил.

Пожарот бил ставен под контрола околу еден час по повикот, но службите останале на терен и нешто пред 22 часот по локално време.

Билодо изјави дека идентификацијата на жртвите може да потрае неколку дена

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ бара Канада и Велика Британија да…

Европската Унија се подготвува да ги убеди…

Провинцијата Алберта во Канада убедливо го отфрли…

Канадската провинција Алберта категорично го отфрли планот…

Страшна несреќа во Канада – се урна…

Четворица загинаа откако хеликоптер се урна во…

Мнозинството Американци и Канаѓани сметаат дека Трамп…

Мнозинството граѓани во САД и во Канада…

Трамп: Канада сама се уништува со неконтролираниот…

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп,…