Страшна несреќа во Охрид: Товар од камион паднал врз тројца работници
Тројца работници од охридското јавно претпријатие Проаква се повредени откако врз нив паднал товар кој го превезувал камион управуван од 60-годишен охриѓанец. Во инцидентот е оштетено и приватно моторно возило кое било паркирано на таа улица.
Вчера во СВР Охрид е пријавено дека во 08.40 часот на улицата „15 корпус” во Охрид, од товарно моторно возило „Ман” со охридски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(60) од Охрид, испаднал дел од товарот што го превезувал врз паркирано возило „Шкода Ромстер” со охридски регистарски ознаки, а потоа врз А.К.(39), У.А.(55) и М.Н.(50), сите од Охрид, вработени во ЈП „Проаква”, кои тука изведувале градежни работи, соопшти СВР Охрид.
Од таму наведуваат дека повредените се пренесени во болницата „Св.Еразмо” во Охрид каде е констатирано дека А.К. и У.А. се здобиле со телесни повреди, додека М.Н. се здобил со тешки телесни повреди.
На местото на несреќата увид извршила екипи од СВР Охрид.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Охрид ќарува 700.000 евра годишно од закупот…
Уредувањето и користењето на охридските плажи на…
Приведен 28-годишен државјанин на Словенија – ја…
Полициски службеници од СВР Охрид на 26…
Охридскиот регион го задржа статусот на заштитено…
Комитетот за светско наследство на УНЕСКО одлучи…
Охрид на чекор да биде прогласен за…
Комитетот за светско наследство на УНЕСКО препорача…
Дрон со термална камера за првпат бараше…
Планинската спасителна служба од Охрид синоќа со…