Страшна несреќа во Србија: Мајка се обидела да ја запре количката со бебето, ја удрил камион и загинала

t

Ужасна несреќа се случила денеска во српскиот град Лучани, каде 32-годишна жена и мајка загинала откако ја удрил камион, јавуваат српските медиуми.

Бизарниот инцидент се случил околу 15 часот, кога жената го шетала нејзиното бебе во количка на тротоар во центарот на градот. Во еден момент, се откачило и паднало едно од тркалата на бебешката количка, а жената инстиктивно тргнала напред за да го задржи детето. Но, тогаш таа ја загубила рамнотежата и паднала на коловозот, а токму во тој момент налетал градежен камион кој ја прегазил, пишуваат медиумите.

„Ова е хорор, што се случи. Така коцките да се поклопат, баш во тој момент тркалото паѓа и жената умира. За камионџијата не можеме да кажеме ништо, видовме дека возеше многу бавно“, велат очевидците.

Детето на настраданата жена не е повредено.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Притвор за Мацура и вработени во Алта…

Вишиот суд во Белград им одреди притвор…

Вучиќ: Криминалците ја преземаат контролата и ја…

Александар Вучиќ, носителот на листата „Обединета Србија“,…

СРПСКОТО ОБВИНИТЕЛСТВО НЕ РАЗБРАЛО ШТО Е ГОТОВИНА,…

Форбс Србија анализира како функционираат банкарските трезори,…

ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ВИСОКИ ПОЛИЦИСКИ ФУНКЦИОНЕРИ ВО…

Вишиот суд во Белград им одреди притвор…

Газдата на „Алта банка“ е приведен во…

Во Србија ноќеска е приведен Давор Мацура,…