Објавено на:

Страшна сообраќајна несреќа: Возач загина откако со автомобил удри во патарината кај Куманово

t

Во сообраќајна несреќа на патарината кај Куманово загина возач на автомобил, информираа од МВР.

Според полицијата, несреќата се случила рано утрово на лентата во правец од Скопје кон Куманово. Возилото се забило во бетонски дел на патарината, по што избил и пожар. Возачот загинал на лице место, а во интервенцијата учествувале кумановските пожарникари кои го сечеле автомобилот за да го извлечат загинатиот.

Полицијата засега нема информации за идентитетот на загинатиот:

-На 09.03.2023 околу 03.27 часот во СВР Куманово било пријавено дека на наплатна станица „Романовце“ на автопат Скопје – Куманово, патничко возило „фолксваген голф“  со скопски регистарски ознаки удрило во столб на наплатната станица, при што настанал пожар на возилото. Притоа, на местото починал возачот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово и од вработени во наплатната станица. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција, а увид на местото извршила екипа од СВР Куманово, информира МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Двегодишно дете се затруло со лекови во…

Уште еден случај на затруено дете во…

Уапсен e возачот по трагедијата во која…

Полицијата го уапси возачот на автомобилот по…

Камионот што ја предизвика тешката сообраќајна несреќа…

Товарното моторно возило со косовски регистарски таблички…

(Фото) Слета во бездна длабока 150 метри,…

Возачот кој утрово со својот автомобил слета…

Внимавајте на патарина: Наскоро со „МКард“ нема…

Од 15 јуни корисниците кои имаат „МКард“…