Страшна сообраќајна несреќа: Српски автобус се удрил со патнички возила, најмалку четири лица загинаа!

t

Во раните утрински часови на патот од граничниот премин Евзони кон Солун се случила страшна сообраќајна несреќа во која според првите неофицијални информации од терен животот го загубиле најмалку четири лица, пишува српски Спутник.


Во несреќата учествувале две грчки патнички возила и автобус со нишки регистарски таблички кој превезувал патници кон Грција.
„Возачот на патнички автомобил преминал на спротивната лента од ведро небо и се судрил со автобус што доаѓал, по што се одбил и удрил во друго патничко возило, кое од силината на ударот се превртело на страна и слетало на коловоз – велат очевидци на оваа страшна трагедија за агенцијата РИНА.
Голем број патници од автобусот се здобиле со тешки телесни повреди.
„Луѓето веднаш притрчаа да помогнат и ги извлекоа повредените и онесвестени“, додаваат очевидци.
Веднаш по пријавата, на местото на настанот пристигнале огромен број грчки служби за итна помош за да им укажат лекарска помош на повредените.
На местото на настанот пристигнале и припадници на полицијата кои вршат увид.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Кожани ќе се гради ДАТА ЦЕНТАР…

Еден од најголемите центри за податоци во…

Турција и Грција ја освојуваат Месечината

Турција планира да го испрати својот прв…

Напад од диво животно на Халкидики: Шакал…

Дете на возраст од околу пет години…

Историски момент: Грција добива астронаут во Вселената

Човекот кој треба да стане првиот грчки…

Грчки остров ќе им дава по 3.000…

Општина Нисирос ќе им исплаќа еднократна помош…