Страшно е што Бугарија го блокира влезот на Македонија во ЕУ
Тоа што Бугарија и го прави на Македонија е контрадикторно на интересите на Европската Унија и го поткопува кредибилитетот на Унијата – ова е пораката која шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто ја упати по средбата со неговиот македонски колега Бујар Османи. Го оцени како одвратен фактот што земјава веќе 18 години има кандидатски статус, а не започнала преговори за членство во Унијата. Процесот на проширување како што кажа тој, мора да се забрза, а Унгарија која од идната година кога го презема претседавањето со Унијата ќе напраела се што е во нејзина моќ, тоа да се случи.
-Страшно е што Бугарија го блокираше писмото што требаше да се испрати кон Македонија пред неколку недели. Македонија е земја кандидат 18 години и во тој период, да не можете да ги започнете преговорите, е одвратно и тоа покажува непочитување кон земјата, особено во ова време и тоа е контрадикторно на интересите на ЕУ. Тие кои што блокираат стартот на овие преговори, треба да знаат дека го поткопуваат кредибилитетот на ЕУ. – Петер Сијарто – Министер за надворешни работи на Унгарија .
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонско-бугарската историска комисија повторно без резултати: Нема…
Последниот состанок на заедничката мултидисциплинарна експертска комисија…
Јотова и Радев криеле помилувања? Имињата се…
Во официјалниот регистар на помилувања што го…
Урсула фон дер Лајен следната недела во…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Касис понуди помош од ОБСЕ за Македонија…
Продлабочување на билатералната соработка, зајакнување на економските…
Муцунски: Работиме на дијалог со Бугарија, за…
Дијалогот што во моментов се води во…