Страшно е што Македонија не може да ги започне преговорите поради Бугарија, тие треба да започнат веднаш, порача Сијарто
ЕУ има потреба од Западниот Балкан. ЕУ треба да признае дека местото на Западниот Балкан е таму и проширувањето на унијата треба да започне веднаш и вистинските преговори со Македонија треба да започнат веднаш, изјави министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто кој е во посета на државата.
Предупредува дека уште постојат некои земји членки кои го успоруваат овој процес и поставуваат пречки.
„За нас ова е страшно, страшно е што Бугарија го блокираше писмото што требаше да се испрати на Македонија пред неколку недели.
Таа е кандидат веќе 18 години и да не може да ги започне преговорите е одвратно, тоа покажува непочитување на земјата“, потенцира Сијарто.
„Кога ќе го преземеме претседателството со ЕУ ќе ги превртиме сите камења за да бидеме сигурни дека пристапувањето на Македонија и на целиот Западен Балкан ќе се случи што е можно побрзо“, прецизира шефот на дипломатијата на Унгарија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Познати бугарски политичари и општественици повикаа на…
Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, е меѓу…
Србин осомничен за тероризам, со соучесник ги…
Литванските власти соопштија дека двајца осомничени за…
Петков и Јотова ќе се судат за…
Поранешниот бугарски премиер и лидер на партијата…
Бугарските компании се соочуваат со рекордни цени…
Сè поголем број компании во Бугарија размислуваат…
Напад со дронови во Црното Море кај…
Бродот што беше нападнат со дронови во…