Објавено на:

Страшно: Најмладиот убиен во Младеновац имал само 15 години

t

Повредените во престрелката што се случи синоќа во Младеновац се згрижени во неколку болници во Белград и Смедерево. Како што јави РТС, две лица се оперирани, но нивните животи се во опасност. Исто така, јавниот сервис наведува дека најмладиот починат во синоќешниот напад е роден во 2008 година, односно има само 15 години.

Во Смедеревската општа болница „Свети Лука“ во текот на ноќта биле примени десет лица, од кои четворица починале, тројца се префрлени во Белград, а тројца се оперирани и се во стабилна состојба. Едно лице има прострелни рани во пределот на стомакот без повреди на внатрешните органи, друго е застрелано во нозете и се наоѓа на одделението за ортопедија, а третото со повеќе повреди на органи и отворени скршеници е исто така стабилно.

Најмладиот починат е роден во 2008 година, јавува РТС. Според известувачот на тој портал, тој од здобиените повреди починал во болницата во Смедерево.

Министерката за здравство на Србија, Даница Грујчиќ ќе одржи прес-конференција во 7:30 часот.

Најмалку осум лица загинаа синоќа во престрелка во селото Дубона кај Младеновац, кога вооружен напаѓач испукал рафали од автомобил во движење.. Во текот на вечерта беше соопштено дека меѓу жртвите има и млад полицаец и неговата сопствена сестра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Екс фудбалер од Србија уапсен во Португалија…

Српскиот фудбалер Урош Милошевиќ (31), во средата,…

Србија не побара помош од ЕУ за…

Србија не го активирала Механизмот за цивилна…

Земјотрес ја погоди Србија

Земјотрес со јачина од 3 степени според…

Постигнати спогодби со осомничените за транспорт на…

Случајот со транспортот на марихуана од Македонија…

„Њујорк тајмс“: Русија обучувала групи во Србија…

Руски оперативци поврзани со военната разузнавачка служба…