Страшно: Тетовец намерно предизвикувал пожари
Жител на тетовското село Мерово е приведен откако мештаните го пријавиле за предизвикување пожар. Тој бил приведен вчера околу 21 часот и 30 минути, а пожарот избувнал околу 20 часот.
– Полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 57-годишниот А.А. од тетовско Мерово, кој бил пријавен од жители на ова село дека претходно предизвикал пожар во куќата во која престојувал сам и блиската плевна, а се обидел, според пријавеното, да предизвика пожар во уште една куќа, сопственост на негов близок роднина. Тој е задржан во Полициската станица Тетово. Денеска (10 април) ќе се изврши увид и ќе се расчистува и документира случајот, информираа од СВР Тетово.
Според информациите од Тетовската Територијална противпожарна единица пожарот (ТППЕ) бил изгнасат за два часа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Физички нападнати полицајци во Тетово!
На 16.08.2026 во 21:50 часот на ул.„Маршал…
Се запали „БМВ“ на тетовски паркинг
Патничко моторно возило „бмв“ со тетовски регистарски…
Групна тепачка со ножеви во Тетово
На 07.08.2026 во 23:50 часот во СВР…
Две девојки од Тетово скокнале од такси…
Две девојки од Тетово вчера скокнале од…
Тетовец ја претепал својата девојка, па се…
Триесет и двегодишна жителка на Тетово пријавила…