Струен ценовен шок нема да има, но нагорна промена во блок тарифите сепак ќе има
По најавите дека корисниците кои влегуваат во четвртиот блок ќе плаќаат уште поскапа струја, сега премиерот најавува корекции и во третиот тарифен блок. Уверува дека оние кои трошат до 630 киловат часови месечно и покрај зголеменото ДДВ на 10%, нема да почуствуваат разлика во сметките.
ПРВ БЛОК до 210 – 7,7 ден.
ВТОР БЛОК 630 – 8,05 ден.
ТРЕТ БЛОК 1 050 – 8,63 ден.
ЧЕТВРТ БЛОК над 1 051 – 17,42 ден.
„Според првичните анализи сметам дека нема да има ценовен шок за граѓаните, особено за првиот и вториот тарифен блок тоа се оние граѓани кои повеќе штедат, помалку трошат електрична енергија. Третиот тарифен блок ќе биде со можеби мала промена, а додека четвртиот тарифен блок, оние граѓани кои што многу трошат електрична енергија, бидејќи можат да си приуштат да плаќаат повеќе, таму цената на електрична енергија ќе биде зголемена.“ изјави Димитар Ковачевски, претседател на Влада.
Во пресрет на зимата се подготвуваат и сите енергетски капацитети да работат со полна снага. И покрај очекувањата третиот блок во РЕК Битола да се приклучи на мрежа на средина на месецов, сепак рокот повторно се пролонгира. Сега првиот човек на ЕСМ најавува дека третиот блок ќе проработи во јануари наредната година.
„Трансформаторот за РЕК Битола, Блок-3 имаше одредени проблеми во транспортот, но денес во попладневните часови трансформаторот со брод од Истанбул ќе биде истоварен во Солун каде што има екипи од РЕК Битола за преземање на трнсформаторот, а потоа утре транспортот ќе тргне кон Битола, односно за два до три денови да стигне на граничниот премин Меџитлија. Подготвени сме да го прифатиме трансформаторот, да се инсталира на својата позиција и да почне приклучок во мрежа кое вообичаено се одвива 14 денови. Тоа значи дека ние кон крајот на месецов или почетокот на јануари, до 10 јануари треба Блок-3 да го имаме во функција во актуелната грејна сезона.“ кажа Васко Ковачевски, генерален директор на АД ЕСМ.
Премиерот без да прецизира колку точно пари се обезбедени за долговите на државните институции кон ЕВН, кои изнесуваат вкупно 40 милиони евра нагласи дека ќе им се подмират фактурите само на виталните институции. Под добиената писмена гаранција од Владата, ЕВН привремени го стопираше најавеното исклучување, но повторија дека тоа останува опција доколку сметките не бидат платени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ПОЖАР ВО СЕДИШТЕТО НА ЦИА: Пожарникари интервенирале…
Пожар избувнал во седиштето на американската Централна…
САД предупредуваат дека украинските напади длабоко на…
Пентагон денеска ги замоли западните земји кои…
КИБЕРНАПАД ВРЗ НАЈГОЛЕМИОТ СНАБДУВАЧ СО ПРИРОДЕН ГАС…
Норвешкиот енергетски гигант „Еквинор“ (Equinor), најголемиот снабдувач…
ПОРАНЕШНИОТ БУГАРСКИ ЦАР СО ПОРАКА ПО СРЕДБАТА…
Поранешниот бугарски цар и експремиер Симеон Сакскобурготски…
НЕОЧЕКУВАН ПОВИК ВО ИЗРАЕЛСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Нетанјаху итно…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, според информации што…