Струмица вчера на врвот на најзагадени градови во земјава, еко-активистите бараат итни мерки
Струмица вчера беше меѓу најзагадени градови во регионот, а без конкуренција беше најзагаден град во Македонија. Мерните станици денеска покажаат екстремно загадување на воздухот со висока концентрација на штетните ПМ 10 честички.
Еко активистите бараат итни мерки, зачестени инспекциски контроли и санкции за загадувачите.
Ѓорги Танушев од граѓанската иницијатива Стига е и советник во општинскиот совет вели дека во периодот со големо загадување мора да се примени сет на мерки кои нема да го решат проблемот но ќе придонесат за намалување на загаденоста. Според него дел од решенијата се често миење на улиците, возење пар не пар, но и затворање на градилиштата.
И покрај тоа што анализите покажуваат дека најголеми загадувачи се домаќинствата, според Танушев голем удел има и индустријата за која според него, нема вистинска контрола колку таа загадува.
Од општинскиот инспекторат за животна средина информираа дека тие прават секојдневни надзори кај правните субјекти, но кај ниту еден од нив не биле регистрирани прекршувања, а 70% се префрлиле на струја.
Претходно и од општината информираа дека ги преземаат сите неопходни мерки за намалување на загадувањето. Како едно од долгорочните решенија за надминување на проблемот покрај гасификацијата е најавата за воведување на еколошки градски транспорт.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СИ-ЕН-ЕН: АМЕРИКАНСКОТО РАЗУЗНАВАЊЕ ПРЕДУПРЕДУВА ЗА МОЖЕН ИРАНСКИ…
Американските разузнавачки служби располагаат со информации кои…
Инстант лоз „Мега милионер“ – гребни ја…
Во понудата на инстант лозови на Државна…
ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ СООБРАЌАЈ ВО ВАШИНГТОН ПРИВРЕМЕНО ЗАПРЕН: Амтрак…
Американската железничка компанија „Амтрак“ (Amtrak) привремено го…
НОВ ХАОС НА АМЕРИКАНСКИТЕ АЕРОДРОМИ: Падна системот…
Американската авиокомпанија United Airlines потврди дека се…
ДЕМОКРАТИТЕ ПОДГОТВУВААТ ГОЛЕМ УДАР ВРЗ ТРАМП: Се…
Американскиот претседател Доналд Трамп се соочува со…