Струмичанец е загинатиот камионџија во Хрватска
Во стравичната несреќа кај Славонски Брод во Хрватска, кога камион со македонски регистерски таблички удрил во столб и се запалил, загина возач од Струмица, кој возел за транспортна фирма од Куманово. Пред неполни два часа сопственикот на фирмата бил информиран дека во несреќата изгорел камионот и настрадал возачот, по што се упатиле кон местото на несреќата, пренесува Канал 77.
Ова за медиумот го потврдила Билјана Муратовска од Макамтранс, која рекла дека по регистарската табличка се утврдила сопственоста на камионот.
– Многу малку информации има за несреќата и дури претпладнето беше потврдено за која македонска компанија се работи, рече Муратовска.
Според официјалната информација од Полицијата на бродско – посавската управа возачот, движејќи се по јужната лента, и се лизнал од патот на северната страна, ја пробил централната метална заштитна ограда, удрил во столб за улично осветлување и преминал на спротивната северна лента.
– По лизгањето возачот повторно удрил во централната заштитна ограда и уште еден столб за улично осветлување. Како резултат на пожарот, камионот целосно изгорел заедно со возачот, соопшти полицијата.
Очевидци за хрватските медиуми сведочат дека и покрај обидите, не успеале ни да пристапат до кабината поради силниот пламен што речиси моментално избил.
Останува непознато како возачот на камионот, кој бил сам во кабината, завршил на спротивната страна, а една од претпоставките е дека можеби му се слошило и изгубил свест.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Цените на недвижностите во Хрватска пораснаа 12,7…
Цените на станбените објекти во Хрватска продолжиле…
Падна мал авион кај Винковци, пилотот почина
Мал авион денеска претпладне се урна во…
Хрватска го засилува притисокот врз Црна Гора…
Хрватска врши притисок врз кандидатурата на Црна…
Хрватска субвенционира купување автомобили за семејства со…
Иван Шипиќ, министерот за демографија и имиграција,…
Хрватска ќе тргне наплатните рампи, од март…
Од почетокот на март 2027 година, Хрватска…