Струмичанец со „ауди“ удрил полицаец па избегал

t

Полицијата го уапсила И.Ј.(40) од Струмица затоа што вчера околу 02:20 часот со автомобил марка „ауди” удрил во полициски службеник кој извршувал службени задачи и потоа побегнал од местото на настанот.

Како што информираше портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, возачот на „аудито” бил запрен од страна на полицискиот службеник на улицата „Димитар Цветинов” и откако му се легитимирал му било наредено да се врати назад заради вршење увид од страна на полицијата. Toj не постапил по наредбата и удрил во полицаецот со автомобилот.

Полицаецот не е повреден, а лицето било пронајдено и задржано во полициска станица.

За настанот бил запознат Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на случајот против струмичанецот ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Комерцијална банка влегува во трката за Алта…

Комерцијална банка АД Скопје одлучи да учествува…

Путин првпат се огласи по нападите врз…

Рускиот претседател Владимир Путин за првпат јавно…

Поранешен британски министер: Самитот потврди дека Америка…

Поранешниот британски министер за надворешни работи и…

Таткото на Кристијан Корабоски ќе се гони…

Основото јавно обвинителство во Охрид презема дејствија…

Путин: Европејците мора да дојдат во Москва…

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека европските…