Струмичките пожарникари синоќа изгаснаа голем пожар во магацини на комуналното претпријатие

t

Четири противпожарни возила и 15 пожарникари го гаснеа големиот пожар кој избувнал вчера околу 17:25 часот во објекти кои се користат како магацини на ЈПКД „Комуналец“, информираа од ТППЕ Струмица.

-Пожарот беше во разгорена фаза и исклучително тежок за гаснење. Беше побарано од ЕВН да се исклучи струјата поради голема опасност за животите на пожарникарите-спасители кои беа навлезени длабоко во магацинските простории и го гасеа пожарот. Друг тим, во исклучително тешки и опасни околности заради дождот што врнеше, изврши отворање на лимениот покрив и овозможи чадот да излезе од просториите, се наведува во информацијата од струмичките пожарникари.

Пожарот, кој е локализиран и ликвидиран, предизвика голема материјална штета, а тим на ТППЕ Струмица синоќа дежурал на местото на пожарот

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Струмичките пожарникари синоќа изгаснаа голем пожар во…

Четири противпожарни возила и 15 пожарникари го…

Одобрено во целост обвинението за пожарот во…

Судењето за катастрофалниот пожар во дискотеката ,,Пулс”…

Вработените од Флораком и Луна и денеска…

И денеска вработените од Флораком и Луна…

Алиу: Мислам дека ќе имаме позитивен тренд…

Во вчерашното гостување во емисијата „Само Интервју“…

Министерството за финансии исплати 19,4 милиони евра…

Исплатена нова транша од 1,2 милијарди денари…