Струшката полиција ќе спречува пукање на свадби и неовластено користење огномети
Преку контроли и превентивни мерки Одделението за внатрешни работи – Струга ќе работи на спречување на пукање од огнено оружје на семејни веселби, неовластена употреба на огномети и користење пиротехнички средства на свадби и други веселби.
Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски денеска информира дека сите вакви нелегални активности ќе бидат соодветно санкционирани со поднесување соодветни прекршочни и кривични пријави.
– ОВР Струга отпочна со засилени контролни активности за откривање и санкционирање на пукање од огнено оружје, неовластено употреба на огномети и користење на пиротехнички средства на свадби и други свечености. Ќе се преземаат контроли, превентивни и репресивни мерки за спречување на оваа незаконска појава која значи нарушувања на јавниот ред, на семејни веселби со пукање од пиштоли и друго огнено оружје, неовластено приредување огномети, односно употреба на разновидни пиротехнички средства, истакна Димоски.
Пукањето, појасни, е спротивно на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, а паричната глоба за ваков вид прекршок, се движи од 200 до 500 евра. Покрај тоа, зависно од последиците, пукањето може да претставува и кривично дело „предизвикување општа опасност“, за кое е предвидена и затворска казна од една до пет години.
– Потсетуваме дека свадбените огномети треба задолжително да се пријават во полициските станици или одделенија на подрачјето на кое се организираат, во зависност од нивната категорија, а организаторите навреме да ги спроведат пропишаните превентивни мерки, рече Димоски.
Упати апел до граѓаните, свадбите и другите семејни веселби, да ги слават без употреба на оружје со што, ќе ги избегнат опасностите од нивната употреба по животот на славениците и ќе овозможат безбедно прославување на семејните прослави.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВОЛСТРИТ ЏУРНАЛ: NVIDIA СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО…
Управниот одбор на американскиот технолошки гигант NVIDIA…
Мерц подготвен за разговор со Путин? Договорот…
Разговори меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и…
АЛ-МАДА: САД ПОДГОТВЕНИ ДА ПРИФАТАТ ЧЕТИРИ ОД…
Соединетите Американски Држави наводно се подготвени да…
Охриѓанец исчезнал од семејниот дом, полицијата трага…
На 10.11.2026 година, во 17:00 часот, во…
Иран отвори прв воен камп за обука…
Иран го отвори својот прв воен камп…