Студено со врнежи во следните два дена – еве кога конечно ќе дојде топло време
Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени слаби врнежи од дожд, на планините и некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува.
Минималната температура ќе биде од – 2 до 4 степени, а максималната температура од два до 13 степени.
Во Скопје променливо облачно, со слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од 1 до 8 степени.
Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во следните два дена времето ќе биде променливо облачно и студено со повремени слаби врнежи кои на повисоките места и на планините ќе бидат од снег. Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Утринските температури наместа ќе се спуштаат под нула.
Најтопло ќе биде в сабота, променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се движи од -1 до 6 степени, а максималната температура од 10 до 16 степени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…