Студентите Албанци со барање за полагање на правосудниот и уште неколку други испити на албански јазик
Новиот министер за правда Јетон Шасивари доби старо-ново барање од албанските студенти за полагање на правосудниот испит на албански јазик. Мевлан Адеми, еден од иницијаторите на студентските протести за полагање на правосудниот испити и на албански јазик објави дека по повеќе од две години чекање, заедно со претседателот на Студентскиот парламент на Универзитетот на југоисточна Европа, Бесјан Реџепи, повторно поднеле официјално барање до институциите.
Во новото барање освен правосудниот испит се бара на албански јазик да се полагаат и испитите за нотари, извршители и секој друг државен испит којшто според него, сега неправедно се полага само на македонски јазик и притоа не се почитува Законот за употреба на јазиците.
„По повеќе од две години, денес, заедно со претседателот на Студентскиот парламент Бесјан Реџепи, повторно го поднесовме нашето барање. Овој пат, барањето го вклучува не само испитот по право, туку и испитите за нотари, извршители и сите државни испити кои, спротивно на Законот за употреба на јазиците, продолжуваат да се организираат само на македонски јазик.
Албанските студенти не треба да бидат дискриминирани. Тие треба да имаат еднакви можности да се образуваат, да се сертифицираат и да ја работат својата професија во сопствената земја.
Институциите имаат обврска да го спроведуваат законот, да бидат во служба на граѓаните и да го почитуваат јазикот на народот што формира држава.
Албанскиот јазик не е привилегија. Тоа е право загарантирано со закон и неоспорна реалност на оваа држава, напиша Адеми.
Од фотографијата која Адеми ја објавил на Фејсбук, може да се заклучи дека барањето веќе го доставиле до Министерството за правда. Досега нема став од новиот министер за правда Јетон Шасивари за барањето на студентите Албанци.
Владините партнери премиерот Христијан Мицкоски и копретседателите на Вреди Изет Меџити и Билал Касами пред три месеци одржаа средба по која соопштија дека постигнале договор студентите Албанци правосудниот испит да го полагаат на албански јазик и дека тој е испратен на разгледување во Венецијанската комисија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…
И покрај законските гаранции за еднаква плата…
Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…
Во јули годинава се издадени 367 одобренија…
Пендаровски: Независноста не ни е подарена туку…
Со честитка по повод Денот на независноста…
Орхан Муртезани стапи на функцијата во НАТО,…
Новиот македонски амбасадор во НАТО, поранешниот министер…
Мицкоски: Растот на индустриското производство од 3,4…
Растот на индустриското производство во вториот квартал…