Студентите бараат покачување на студентскиот оброк, министерката ќе чека ребаланс

t

Зголемување од 10 денари, односно од 140 на 150 денари субвенциониран студентски оброк во 2026 година, бараат студентите преку  националното студентско тело. Во барањето кое го испраќаат до Министерствбото за образование и наука велат дека согласно законот зголемувањето треба да се направи пред носењето на државниот буџет за 2026 година.

На таков начин, според нив, ќе се олесни финансискиот товар на студентите и ќе се создадат подобри услови за студирање.

Министерката за образование и наука Весна Јаневска пак им одговори на студентите дека во овој момент не може да гарантира зголемување бидејќи се зависи од буџетот на државата.

Студентите за првапат почнаа да добиваат пари за оброк во 2020 година. Во 2023 година Собранието изгласа измени на Законот за студентските оброк, со кои предвиде износот да се зголемува со зголемување на инфлацијата. Тогаш, почетниот износ од 120 денари дневно беше покачен на 140 денари. Според законот, усогласување треба да се прави еднаш годишно, по завршувањето на фискаланат година а пред донесување на државниот буџет за следната година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Европа во пламен! Еве каде сѐ…

Протести поради растот на трошоците за живот,…

Кинеската економија порасна за 4,5% благодарение на…

Кинеската економија во периодот јули–септември пораснала за…

(Видео) Кандидатот на Влен отиде лично да…

Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од…

Авион на линија Тел Авив-Виена принудно слета…

Авион на линијата Тел Авив – Виена…

Трамп го поддржа Нетанјаху пред изборите во…

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изрази поддршка…