Студентите порачаа: Србија се разбуди, 15-ти март не е крај на протестите!
Студентите во Србија објавија соопштение на социјалните мрежи пред големиот протест во сабота. Тие истакнуваат дека не се работи за „финален собир“, бидејќи, како што велат, не прават завршни чекори – туку тектонички промени.
„Во пресрет на големиот студентски протест, испраќаме порака дека на 15-ти март заедно ја пишуваме историјата – цела Србија излегува на улиците на Белград за да покаже дека не се согласува со неправдата. Знаејќи го тоа, никој нека не помисли дека е крај, Србија се разбуди и нема да дозволи повторно да заспие“, се вели во соопштението.
Во меѓувреме, студентските колони кои пешачат кон Белград се се поблиску до својот цел. Од Чачак треба да продолжат патот кон Белград велосипедистите од Ниш, кои пред два дена тргнале од југот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕУ го предложи Пабло Ернандес де Кос…
Европскиот совет го предложи шпанскиот економист Пабло…
Србија оди кон десничарско раководство: Ништо од…
Србија наскоро би можела да добие претседател…
Врховниот суд на Канада го потврди најголемиот…
Врховниот суд на Канада го остави во…
Со нож ја ограбил среде кафуле во…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово…
Американската армија онеспособила брод што се обидел…
Армијата на САД вчера во Оманскиот Залив…