Студенти – еве каде да аплицирате за финансиите кои ќе ги дели владата за превоз

t

Студентите кои живеат надвор од местото на студирање седум месеци ќе добиваат финансиска помош од државата.

За стекнување на правото за финансиска поддршка на студенти кои живеат надвор од местото на студирање предвидено е Министерството за образование и наука да објави повик на својата веб-страница, во времетраење од 7 дена од денот на објавувањето. За добивање на финансиската поддршка, студентот се пријавува на апликацијата e-uslugi.mon.gov.mk и внесува и приложува податоци и докази што се посочени како потребни. Министерството за образование и наука, по извршената проверка на податоците и доказите, во рок од 5 работни дена од денот на пријавувањето на студентот за добивање на финансиската поддршка, ќе утврди статус на прифатено или одбиено барање за финансиска поддршка во самата апликација.

За студентите кои не се пријавиле или не ги исполниле условите за добивање на финансиската поддршка на претходните повици, предвидено е Министерството за образование и наука да објавува повик секој месец, во времетраење од 7 дена од денот на објавувањето, а најдоцна до 5-от ден во месецот.

Во Предлогот на закон е предвидена обврска на државните универзитети, секој месец, најдоцна до 10-ти во месецот, до Министерството за образование и наука да доставуваат список на редовни студенти за претходниот месец, со цел проверка на податоците.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДВА ТАНКЕРА СО РУСКИ ДИЗЕЛ ГО СМЕНИЈА…

Два танкера кои превезуваат дизел од руско…

Мемов, Славески и Трајкова: Пензионерите да бидат…

Директорот на Фондот на пензиско и инвалидско…

(Видео) Најверојатниот иден премиер на Србија: Иран…

Дејан Шошкиќ од српската Студентска листа го…

Рокас: Годинашниот извештај е подобар од претходниот,…

Евроамбасадорот Михалис Рокас оцени дека Македонија во…

Последен пат го направи ова денот кога…

Руското Министерство за надворешни работи повторно им…