Објавено на:

“Сувереност”: САД барале објаснување од Полска за “прекинот на поддршката” за Украина?

t

САД побараа од Полска да ја објасни својата изјава дека Варшава повеќе нема да ѝ дава воена поддршка на Украина, пишува Блумберг, цитирајќи неименуван висок функционер на Пентагон.


Како што истакна соговорникот на агенцијата, несогласувањата меѓу Киев и Варшава сè уште не доведоа до „појава на пукнатини во алијансата што ја поддржува Украина“. Сепак, според него, специфичната позиција на Полска за поддршка на Украина останува нејасна. Во врска со ова, американските власти побараа од нивните полски колеги да ја разјаснат ситуацијата што е можно поскоро и јасно да кажат дали Варшава навистина размислува да ја прекине испораката на оружје за Киев.


Блумберг ги цитира и зборовите на неименуван европски дипломат, кој, под услов да остане анонимен, рече дека полските власти ги уверувале своите странски колеги дека нивната земја ќе продолжи со воената поддршка за Украина, но во „помали количини“. Тој истакна дека целосниот прекин на воената поддршка од Варшава може да го „поткопа единството на НАТО“.
Претходно, полскиот премиер Матеуш Моравјецки објави дека одбил да испорача нови оружје за Киев, но полскиот претседател Анджеј Дуда потоа рече дека премиерот на земјата бил „погрешно разбран“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украина ја засилува својата ракетна програма, Зеленски…

Украина издвојува дополнителни средства за својата ракетна…

ЕУ исплаќа 4,2 милијарди евра финансиска помош…

Земјите од Европската унија денеска ја одобрија…

САД: Неонацистичка група има намера да се…

Предизборната кампања во САД се соочи со…

Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…

Зеленски: Русија минатата недела употребила над 600…

„Руската борбена авијација, со сите средства, мора…