Судењето за пожарот во „Пулс“ е огромен предизвик и тест за издржливоста и независноста на судството, рече в.д претседателката на Кривичен

t

В.Д. Претседателката на Основниот Кривичен суд – Скопје, денеска се обрати на Годишното собрание на Здружението на судии на РСМ, каде истакна дека Кривичниот суд, но и целиот судски систем, во моментов се наоѓаат пред еден навистина голем предизвик – судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Предметот, како што беше посочено, е од исклучителна сложеност и огромна општествена важност.

Обраќајќи се пред колегите од Врховниот, Апелационите судови и членовите на Судскиот Совет, претседателката нагласи дека овој процес ќе биде тест за целиот систем.

„Овој процес нема да биде само тест на нашата правна подготвеност, туку и на нашата издржливост, професионалност и независност. Секој од нас е свесен дека ваквите предмети се следат со големо внимание од јавноста, но тоа само дополнително ја нагласува нашата одговорност да останеме доследни на принципите на правдата и владеењето на правото“, истакна таа.

В.Д. Претседателката изрази верување дека судството има капацитет да се справи со предизвикот.

„Верувам дека како заедница на судии, обединети во истите вредности и стандарди, ќе покажеме дека судството има сила, интегритет и знаење да се справи со секој предизвик — без притисоци, без страв и без компромиси со вистината“, порача таа.

Поради сложеноста на случајот, Основниот кривичен суд Скопје и официјално побара од надлежните судски инстанци (Врховен суд, Апелационите судови и Судскиот совет) целосно да се вклучат, секој со своите ингеренции, во поддршка на судот.

Целта на барањето е да се помогне во организацијата и обезбедувањето услови за ефикасно водење на постапката, со доследно почитување на правата на странките и обезбедување на присуство на јавноста. Во тој правец, судот ги повика навреме да реагираат и надлежните Министерства.

„Да продолжиме да бидеме пример на професионалност, достоинство и меѓусебна поддршка. Само така можеме да ја зацврстиме довербата во нашата работа и во правосудниот систем“, заклучи В.Д. Претседателката на Кривичниот суд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што ја предизвика смртоносната поплава во Непал:…

Дел од глечер на надморска височина од…

Пет активни пожари на отворено, три се…

На територија на државата денеска до 18…

Повеќе од 150 загинати и 600 исчезнати…

Најмалку 157 тела се пронајдени во разорните…

Ужасен напад врз автобус во Украина: девет…

Девет луѓе беа убиени во украински напад…

САД соопштија дека прекинале кинеска хакерска операција

САД соопштија дека прекинале кинеска хакерска операција…