Судењето за пожарот во „Пулс“ почнува на 19 ноември
Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, почнува на 19 ноември во судницата во затворот „Идризово“, соопштија од Кривичниот суд.
„Како што претходно известивме, обвинителниот акт поднесен првично од ОЈО Кочани, па со решение на Јавниот обвинител на РСМ, доделен во надлежност на Скопското јавно обвинителство, беше одобрен во целост, а согласно АКМИС – системот, распределен на понатамошно постапување кај судија Диана Груевска Илиевска“, се наведува во соопштението.
Покрај судиите кои се иззема од постапување пред оцена на обвинителниот акт, дополнителнио и судиите Тамара Витларова – Смилевска и Илина Смичковска – Илиевска се изземаа од постапување по предметот заради лично познанство со дел од оштетените.
Како втор член на судечкиот совет, кој ќе постапува по предметот, согласно измените на годишниот распоред за постапување на судиите, ќе постапува судијата Ахмед Идризи.
Дополнително, заради ефикасно и економично постапување, определени се повеќе термини за главна расправа односно 25.11.2025 год., 26.11.2025 год., 2.12.2025 год., 4.12.2025 год., 10.12.2025 год. и 11.12.2025 год, а по отпочнување на расправата ќе се усогласат и дополнителни термини.
Од Судот информираат дека поканите до странките се веќе во фаза на достава.
Во пожарот во „Пулс“ на 16 март загинаа 63 лица, од кои и шест малолетници, а 200 беа повредени. На обвинителна клупа ќе седнат 37 обвинети лица.
Според обвинителниот акт, со години наназад се кршеле закони, се прикривале неправилности и се дозволувало објектот да функционира, иако не ги исполнувал ниту минималните услови за безбедност. Обвинети се сопственици на дискотеката, членови на нивните семејства, архитектка, ексградоначалници, инспектори, обезбедувачи и државни функционери
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Седум бебиња родени за два дена во…
Кочани добива ретко убава и позитивна вест…
Тешко повреден вработен во кочанскиот водовод, паднал…
На 23.07.2026 во 09:04 часот во ОВР…
ЦУК: Активни се четири пожари
Активни се четири од 14 регистрирани пожари…
Фатен во Скопје дилерот кој ѝ избега…
Осомничениот дилер на дрога Александар Лазаров –…
„Зад секоја бројка стои нечие дете“ –…
Здружението на граѓани „16-ти Март 2025 –…