Судење во Салцбург: Македонец и Босанец обвинети за шверц на седум килограми кокаин
Пред судот во Салцбург започна судскиот процес против двајца 46-годишни мажи, државјани на Северна Македонија и Босна и Херцеговина, обвинети дека во 14 наврати прокриумчариле вкупно седум килограми кокаин од Балканот во Австрија. На првото рочиште одржано во вторникот, двајцата обвинети ги отфрлија главните обвиненија за шверц.
Според обвинителството, во периодот меѓу пролетта 2024 и 2026 година, двајцата мажи во седум наврати пренесувале по половина килограм кокаин, наменет за пазарот во Салцбург. Првообвинетиот признава трговија, но во помали количини
Првообвинетиот македонски државјанин, кој десет години живее во Австрија но сè уште слабо говори германски јазик, признал поседување и продажба на дрога, но тврди дека количините биле значително помали од оние наведени во обвинителниот акт. При претрес во неговиот дом, полицијата веќе запленила околу 800 грама кокаин.
Судијката ги коментираше неговите јазични познавања забележувајќи дека „барем во притвор ќе има можност да научи германски“.
Второобвинетиот, автомеханичар со потекло од БиХ кој течно говори германски, ги отфрли обвиненијата за шверц и препродажба, тврдејќи дека бил само конзумент.
Покрај обвиненијата за дрога, тој се соочува и со сериозни обвиненија за економски криминал од периодот кога поседувал сопствена автомеханичарска фирма. Се товари дека оштетил друга компанија за 400.000 евра и дека префрлил околу 600.000 евра од фирмената сметка за приватни потреби, оштетувајќи ги сопствените доверители.
Неговата одбрана тврди дека обвинетиот ја користел сметката, но не се стекнал со лична корист. Судскиот процес продолжува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Судење во Салцбург: Македонец и Босанец обвинети…
Пред судот во Салцбург започна судскиот процес…
Групна тепачка во Драчево со тврди предмети,…
Вчеравечер во Драчево се уапсени седуммина жители…
Разбојници нападнале млад Австриец во Скопје и…
23-годишен државјанин на Австрија пријавил во полиција…
Блиски роднини со тврд предмет тепале жена…
Жена од село во Велешко, кое полицијата…
Вработен во Итна помош со остар предмет…
Вработен во Итната медицинска помош агресивно се…