Судири во Истанбул меѓу полицијата и демонстрантите кои го одбележуваат 1 Мај
Турската полиција интервенираше за да спречи групи кои сакаат да стигнат до плоштадот Таксим во Истанбул за да учествуваат во демонстрации по повод Меѓународниот ден на трудот, 1 Мај, кои се забранети од властите, објави турскиот весник „Хуриет“. Дојде до судирите меѓу полицијата и демонстрантите и дел од нив се приведени.

Турските власти претходно оваа недела објавија дека ги забрануваат првомајските демонстрации на централниот плоштад Таксим во Истанбул и предупредија на планирани терористички напади во метрополата за празникот.
Во различни делови на Турција вчера беа приведени 58 осомничени откако беше утврдено дека учествувале во подготовка на провокации по повод Денот на трудот, а денеска следуваа серија нови апсења на 41 лице во акција против Исламската држава.
Во рамки на мерките за 1 мај, од утрото се затворени патиштата кон централниот истанбулски плоштад Таксим. Властите идентификуваа вкупно 40 места во Истанбул за одржување настани по повод Денот на трудот, чие обезбедување ќе го следат над 42.000 полицајци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ССМ: Да го заштитиме здравјето на работниците…
Во насока на справување со најавените високи…
Аеродромот во Истанбул вчера постави рекорд по…
Меѓународниот аеродром во Истанбул постави европски рекорд…
Македонската преработувачка индустрија лани изгубила 6.250 работници
Преработувачката индустрија – најголемиот работодавач во државата…
(Видео) Отворањето на градилиште за луксузното одморалиште…
Компанија поврзана со Иванка Трамп и со…
Студентите бараат достоинство, а не привилегии, вели…
Амбасадорот на Албанија во Македонија, Денион Мејдани,…