Судир кај каменоломите на патот Гостивар-Кичево, двајца тешко повредени, еден итно пренесен на скопските клиники

t

Завчера (17 декември) во 15 часот и 40 минути во СВР Тетово пријавено е дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на отворените сепарации – каменоломи, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале две патнички моторни возила: „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 24-годишниот тетовец Б.Б и „фолксваген пасат“ со гостиварски ознаки што го управувал 34-годишниот гостиварец Е.Х. од гостиварско Дебреше.

Во несреќата, возачот на возилото „голф“ Б.Б. се здобил со тешки телесни повреди, а сопатникот од возилото „пасат“ С.С.(33) од Гостивар со телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За да нема голем ценовен скок на…

Владата ќе настојува струјата за македонските граѓани…

Вучиќ: Целосно би ги игнорирал претседателските избори

Поранешниот претседател и носител на листата на…

НБРМ поднесе кривични пријави за ширењето паника…

НБРМ поднесе кривични пријави за ширењето паника…

Тешко повредена 32-годишна скопјанка, се обидувала да…

32-годишна жена од Скопје се здобила со…