Судијата Ферати обвинетиот го осудил со максимална казна затвор, реагираат од подружницата на Здружението на судии во Основниот суд Тетово

t

За пресудата и двегодишната затворска казна за прегузавњето на Теодроа Ристевска, која ја изрече тетовскиот судија Ељмедин Ферати, од подружницата на Здружението на судии во Основниот суд Тетово велат дека „судијата, во повторената постапка, обвинетиот го осудил со максималната дозволена казна затвор, имајќи ја во предвид забраната за менување на полошо (Reformatio in peius) како начело предвидено во „Законот за кривична постапка“.

Од подружницата преку соопштението испратено до медиумите наведуваат дека со претходните одлуки на Апелациониот суд и на Врховниот суд, „новата пресуда не смее да се измени на штета на обвинетиот ниту во однос на правната квалификација на делото, ниту во однос на кривичната санкција.“

Поради тоа станува збор за законита одлука, велат колегите на судијата Ферати и апелираат до „сите чинители во општеството, да се воздржат од неоправдани коментари, и да не се користи ова пресуда за неосновани напади на судиите, стигматизирање и јавен линч на судиите кои постапувале во конкретниот предмет, заради постигнување на други цели.“

Пред три дена, судијата Ферати го осуди на две години затвор возачот Менсур Пајазити за смртта на 22-годишната Теодора Ристевска која загина на пешачки премин во Тетово, во август 2022-ра. Пресудата е иста како првата правосилна пресуда донесена во првиот процес од гостиварскиот Апелационен суд, а потоа беше укината на Врховниот суд. Најблиските на Теодора реагираа со солзи и гнев поради висината на казната велејќи дека „две години затвор чини живот во Македонија“ и „нема правда во Македонија“.

Претставници на извршната власт предводени од премиерот Мицкоски реагираа и бараа од судската власт односно судскиот совет да го разгледа работењето на судијата.

По реакциите на семејството по судењето и регаирањето во јавноста, Судскиот Совет отвори постапка за да го разгледа судскиот предмет, а во текот на денот ќе има повеќе информации за случајот, рече претседателот на Судскиот Совет, Александар Камбовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВОЛСТРИТ ЏУРНАЛ: NVIDIA СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО…

Управниот одбор на американскиот технолошки гигант NVIDIA…

Мерц подготвен за разговор со Путин? Договорот…

Разговори меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и…

АЛ-МАДА: САД ПОДГОТВЕНИ ДА ПРИФАТАТ ЧЕТИРИ ОД…

Соединетите Американски Држави наводно се подготвени да…

Иран отвори прв воен камп за обука…

Иран го отвори својот прв воен камп…