Судијата Ѓоко Ристов цело време земал плата — дури сега е разрешен, па ќе ја добие и септемвриската
И покрај тоа што од јануари годинава, веќе скоро десет месеци, е во куќен притвор и не оди на работа, судијата Ѓоко Ристов цело време земал плата како нормално да работи, а дури минатата недела, на 30 септември, бил разрешен од страна на Судскиот совет, па ќе ја земе и целата септемвриската плата, објави „СДК.мк“.
Ристов, кај чии родители беа пронајдени големо количество пари заѕидани во ѕид во кујна, досега бил само суспендиран и оддалечен од работното место, но не и разрешен од судиската функција.
„Поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција, судија се разрешува од вршење на судиската функција“, пишува во соопштението објавено на веб-страницата на Судскиот совет, без да се наведе името на Ристов.
Но неговата сопруга на „Фејсбук“ напиша дека одлуката на Судскиот совет за нејзиниот сопруг не ги изненадила и обвини дека тој бил разрешен со наводен притисок врз членовите на највисокото судско тело.
Судењето против Ристов, кој меѓу другото е обвинет и дека давал лажни податоци за неговиот имот и имотот на членовите на семејството, кој во големи размери ги надминува неговите законски приходи, почна на 28 мај.
„СДК.мк“ потсетува дека рекордот на обвинет или притворен функционер кој не одел на работа, а за целото тоа време земал плата, го држи ексградоначалникот на Битола, Владимир Талески, во предметот на поранешното СЈО наречен „Транспортер“. При контрола во Апелациониот суд Скопје, беше откриено дека сега разрешениот судија Енвер Беџети предметот го чувал во фиока повеќе од две и пол години, а обвинетиот Талески сето тоа време земал редовна плата од Битолскиот театар.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕУ одобри 10 милиони евра за Бугарија…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Димитриеска-Кочоска: Ребалансот е навремена реакција на новите…
Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година…
Рубио: Трамп мисли дека Израел е доволно…
Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави…
Уапсен е тетовец – нападна две деца…
Жител на тетовското село Требош (51) бил…
Меѓународен успех на МВР: „Безбеден град“ ја…
Министерството за внатрешни работи со проектот „Безбеден…