Објавено на:

Судот во Хаг пресече: Хашим Тачи и Кадри Весели остануваат во притвор

t

Специјалниот суд во Хаг донел одлука за продолжување на притворот за поранешниот косовски претседател, Хашим Тачи, и поранешниот претседател на парламентот, Кадри Весели.

Медиумите пренесуваат дека таквата одлука на Судот во Хаг била донесена на 26 мај, а објавена денеска.

Одбраната на Тачи до судијата во претходна постапка трипати поднесе барање обвинетиот да биде пуштен во домашен притвор или во трета земја што понудила гаранции.

Тачи и Весели се товарат за прогон, затвор, други нехумани дела, тортура, убиства и присилно исчезнување на лица, незаконско апсење и лишување од слобода и сурово постапување, дела извршени во периодот од март 1998 до септември 1999 година. (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Гувернерот Славевски се пожали дека многу го…

Гувернерот Трајко Славевски во неговата објава на…

Полнете ги резервоарите – од полноќ поскапување…

Цените на горивата од вечерва на полноќ…

Арсовска за денес најави објавување докази за…

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска најавува продолжување…

Руските медиуми за војната меѓу Иран и…

Конфликтот меѓу Иран и Израел денес доминира…

Погодена амбасадата на САД во иранскиот напад…

Амбасадорот на САД во Израел, Мајк Хакаби,…