Судот не му го врати пасошот на Груби, не смее да излезе од Скопје
На поранешниот вицепремиер Артан Груби, второобвинет во предметот „Државна лотарија“, денеска му истекува мерката куќен притвор поради истекот на максималниот законски рок од 60 дена по поднесувањето на обвинителниот предлог.
Сепак, Груби и понатаму нема да може да ја напушти државата. Неговиот пасош останува привремено одземен, а во сила продолжува да важи и забраната за издавање нова патна или друга исправа со која би можел да ја премине државната граница.
Одбраната побарала укинување на оваа мерка и понудила недвижен имот во вредност од 335.707 евра како гаранција дека Груби ќе им биде достапен на органите на прогонот во текот на кривичната постапка. За предлогот е оформен предмет и се чека произнесување од надлежното јавно обвинителство, по што ќе одлучува Кривичниот совет.
Груби е еден од обвинетите во предметот „Државна лотарија“ и се товари за злоупотреба на службената положба и овластувањето. На судењето тој се изјасни за невин.
Поранешниот вицепремиер беше недостапен за органите на прогонот повеќе од 14 месеци, по што во февруари годинава се врати во Македонија и беше приведен на граничниот премин „Блаце“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Експлозија во турска челичарница: Загинаа 16 луѓе,…
Најмалку 16 лица загинаа, а 13 се…
Трагедија кај Крит: Четиринаесет мигранти загинаа при…
Четиринаесет мигранти загинаа во обид со чамец…
(Фото) Срби им ги пишуваат соопштенијата на…
Нов гаф во соопштенијата на опозициската СДСМ,…
ФТ: САУДИСКА АРАБИЈА, ОАЕ, КАТАР И ТУРЦИЈА…
Лидерите на Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати,…
Јутјуберот Богдан Илиќ ќе добие кривична –…
Според Кривичниот законик на Србија, на Богдан…