СУДОТ НИТ ДЕМАНТИРА, НИТ ПОТВРДУВА – пронајден ли е двократниот убиец од „Шиша бар“? СУДИЈА ВЕДНАШ МУ ОДРЕДИ ПРИТВОР!

t

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје вчера определи мерка краткотраен притвор во траење од 48 часа заради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело Убиство, информираат од Основниот Кривичен суд.

Оттаму ги демантираат наводите во одредени портали дека информацијата за поврзаноста на кривичното дело со конкретен настан, е прибавена од судот.

– Со оглед да се работи за истражна постапка за сите останати детали надлежно е јавното обвинителство, а како суд сакаме да ги демантираме наводите во одредени портали дека информацијата за поврзаноста на кривичното дело со конкретен настан, е прибавена од судот, велат оттаму.

Според дел од медиумите, притвореното лице е осомничено за настанот од 6 март годинава, кога пет вооружени лица, маскирани со фантомки влегоа во „Шиша бар“ и убија две лица.

Од Јавното Обвинителство велат дека поради компромитација на истрагата не се во можност да споделуваат никакви детали.

– Со оглед на тоа што во предметот во кој е определен краткотраен притвор за едно лице постои сериозна можност за компромитација на истрагата во оваа фаза, во интерес на тајноста на постапката не сме во можност да споделуваме никакви детали, велат од ЈО за МИА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Почина проф. д-р Зоран Спировски, еден од…

Почина проф. д-р Зоран Спировски, истакнат торакален…

„Нема да нѐ снема“ – граѓаните на…

Со едноминутно молчење во знак на почит…

Пијан охриѓанец правел хаос на улица: Уапсен…

На 07.11.2026 во 23.45 часот, на улица…

Разбудени од кома двајцата полицајци што го…

Полициските службеници Јакуб Кулик и Артур Морањски,…

ЕК го пофали напредокот, приходите над 2,1…

Царинската управа во 2025 година собрала над…