Судот пресуди: Санадер не е виновен за воено профитерство

t

Поранешниот премиер на Хрватска, Иво Санадер не е виновен за воено профитерство. Ваква одлука денеска судот во Загреб во судењето за аферата „Хипо“. Станува збор за неправосилна пресуда која инаку е трета за овој случај откако со претходните две Санадер беше прогласен за виновен, но истите „паѓаа“ на Уставниот и Врховниот суд во Хрватска.

Обвинителството го гонеше Санадер дека како заменик-министер за надворешни работи кон крајот на 1994 и почетокот на 1995 година добил провизија од 3,6 милиони куни (речиси пола милион евра) од „Хипо банка“ откако на Хрватска ѝ бил доделен заем за купување згради за амбасади. На овој начин, според обвинителството, во тешката финансиска и економска ситуација во земјата предизвикана од војната, Санадер остварил незаконска финансиска корист што е несразмерна со загрозените темели вредности на државата и државните интереси.

Во објаснувањето на пресудата од загрепскиот суд, пренесува „Индекс.хр“, било посочено дека немало штета за Република Хрватска бидејќи сумата која се споменува не ја загрозила државата. Имало само морално штета. Исто така, судот потенцирал дека станува збор за случај кој е во фаза на застарување

Одбраната на Санадер рече дека пресудата не е спорна и не може да се политизира, додека обвинителството порача дека не се согласува со ставот на судот дека во случајот нема елементи на кривичното дело воено профитерство и најави дека ќе поднесе жалба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…