„Сум бил свиња и сакал да ме коле на Плоштад“ – Премиерот откри какви закани по живот добивал

t

Премиерот Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање откри какви закани по живот добивал од лицето за кое Јавното обвинителство денес соопшти дека се бара притвор и е приведено поради упатени закани на социјалните мрежи.

„Сум бил свиња и сакал да ме коле на Плоштад“- рече премиерот одговарајќи какви закани добил.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против 39-годишен жител на селото Черкези, поради основано сомнение да сторил кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 5 од Кривичниот законик.

Осомничениот, во пораки преку социјални мрежи, го навредувал и му се заканувал на Претседателот на Владата на РСМ.

Ценејќи ги околностите на извршување на делото, ризикот од бегство, а особено фактот дека осомничениот се јавува како извршител на други кривични дела од областа на насилниот криминал – насилство, лихварство и поголем број на прекршоци за нарушување на јавниот ред и мир, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.

Притоа, согласно обезбедените докази во однос на претходното поведение на осомничениот, станува збор за конфликтна личност која влегува во постојани расправии, закани и физички пресметки со пријавители, па се оценува дека постои реален ризик ваквите агресивни испади да прераснат во потешки кривични дела со животозагрозувачки последици со кои се заканува.

Кривичниот законик предвидува затворски казни за ова кривично дело.

Загрозување на сигурноста
Член 144
(1) Тој што сериозно му се заканува на друг дека ќе нападне врз неговиот живот или тело или животот или телото на нему блиско лице со намера да го вознемири или заплаши, ќе се казни со парична казна или со затвор до шест месеци.
(2) Ако со делото од ставот (1) на овој член е предизвикано чувство на несигурност, загрозување или страв на жртвата, сторителот ќе се казни со парична казна или затвор до една година.
(3) Тој што ќе го стори делото од ставот (1) на овој член при вршење родово-базирано насилство, насилство врз жена или семејно насилство или од омраза или спрема лице кое е посебно ранливо поради неговата возраст, тешките телесни или душевни пречки или бременост, ќе се казни со затвор од три месеци до три години.
(4) Со казната од ставот (3) на овој член ќе се казни тој што делото од ставот (1) на овој член ќе го стори спрема службено лице во вршењето на службата, адвокат, лекар или друг здравствен работник, новинар или друг медиумски работник или друго лице што врши работи од јавен интерес при вршењето на професионалните задачи или во врска со вршењето на професионалните задачи кои ги презема во рамките на своите овластувања или спрема повеќе лица.
(5) Тој што јавно, или по пат на информатички систем, ќе се закани дека ќе стори кривично дело за кое е пропишана казна затвор од пет години или потешка казна против некое лице поради неговата припадност на одредена раса, боја на кожа, потекло, национална или етничка припадност, пол, род, сексуална ориентација, родов идентитет, припадност на маргинализирана група, јазик, државјанство, социјално потекло, образование, религија или верско уверување, политичко уверување, друго уверување, попреченост, возраст, семејна или брачна состојба, имотен статус, здравствена состојба, лично својство и општествен статус или која било друга основа предвидена со закон или меѓународен договор ратификуван согласно со Уставот на Република Северна Македонија, ќе се казни со казна затвор од една до пет години.
(6) Гонењето за делото од ставот (1) на овој член се презема по приватна тужба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Сум бил свиња и сакал да ме…

Премиерот Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање…

Живеат во страв за својот живот, маж…

Девојка од Куманово, на својот Инстаграм профил,…

ОЈО бара забрана за предавање за професорката…

Основното јавно обвинителство Штип донесе наредба за…

Осомничените за милионскиот криминал во Лотарија не…

ОЈО проверува дали воопшто има кривично дело,…

ОЈО: Сите осомничени во предметот за ФФМ…

Од Основното јавно обвинителство за гонење организиран…