Сунак бара ревизија на потрошените средства за војната во Украина
Оценка за напредокот на војната во Украина побара премиерот на Велика Британија Риши Сунак, јавуваат британските медиуми.
Сепак, високи функционери стравуваат дека премиерот можеби презема премногу внимателен пристап бидејќи војната влегува во клучна фаза.
Сунак во твит наведе дека Велика Британија била со Украина од самиот почеток, а тоа се покажало и за време на посетата минатиот месец.
Но, барањето предизвика тревога во некои области, бидејќи воените команданти велат дека испораките на оружје за Украина би можеле да бидат одлучувачки во наредните зимски месеци.
Би-Би-Си објави дека прегледот, познат како проценка базирана на податоци, е дизајниран да го процени напредокот на војната и значењето на воениот придонес на ОК за Украина.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го охрабрува Сунак да одржи силно воено присуство во неговата земја.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД одобрија можна продажба на опрема за…
Пакетот што го побарала украинската влада опфаќа…
Видео: Украински пилот со авионски топ собори…
Украинското воено воздухопловство објави снимка од кокпитот…
Русите го нападнаа Криви Рих, убиени се…
Две лица, меѓу кои и седумгодишно момче,…
Неидентификуван објект паднал во Полска по рускиот…
Полските безбедносни служби истражуваат пад на неидентификуван…
Унгарија ќе го повлече ветото за отворање…
Унгарија се очекува да го повлече ветото…