Објавено на:

Сунак: Договор за забрзана депортација на албанските мигранти од Британија

t

Британскиот премиер Риши Сунак изјави дека договорот со Албанија за забрзана депортација на барателите на азил од оваа земја спречил зголемување на бројот на нелегални влегувања во Велика Британија, пренесува Клан Косово. Повеќето од нив работат на нелегални фарми за канабис.
Би-Би-Си потсетува дека десетици албански имигранти минатата година беа осудени на повеќе од 300 години затвор, откако биле регрутирани од криминални групи да работат на фарми за канабис кога влегле во Велика Британија.

Во интервју за оваа телевизиска мрежа, Сунак рече дека приоритет на неговата влада е воспоставување и функционирање на шемата за депортација на барателите на азил од Албанија.

Иако новинарката што го водеше интервјуто, Лаура Куенсберг, тврдеше дека поседува документи кои не го потврдуваат фактот дека бројот на мигранти од Албанија е намален, Сунак вели дека времето ќе покаже кој е во право.

Тој рече дека бројот на баратели на азил кои дошле во Велика Британија со мали чамци во 2023 година е намален за 90 отсто и наведе дека во 2022 година 12.658 Албанци успеале да го поминат Ла Манш со мали чамци, а дека минатата година, откако Велика Британија воведе преку низа мерки, вклучително и брз договор за депортација на баратели на азил со Албанија, успеале 922 лица со албанско потекло.

Британската влада им го отежна барањето за азил на мигрантите кои тврдеа дека се жртви на критична политичка ситуација во нивната земја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тачи: Мојот сон е сите Албанци да…

Претседателот на ДПА и дел од коалицијата…

Пукање во мигрантски камп кај Сараево

Во мигрантскиот камп Блажуј кај Сараево синоќа…

Три малолетни девојчиња загинаа во несреќа со…

Три девојчиња, неофицијално сестри на возраст од…

Албанци избодеа две лица во Грција, 17-годишникот…

Тинејџер Албанец е уапсен од грчката полиција,…

Приведен криумчар на мигранти, пронајдени пет лица…

Денес рано наутро полицијата спречи нелегална трговија…